Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е омразен затоа што доаѓа од Балканот и затоа што го собори „недопирливото“ дуо Роџер Федерер и Рафаел Надал, изјави тренерот на српскиот ас, Горан Иванишевиќ.
Поранешниот победник на Вимблдон беше во тимот на Новак повеќе од две години, и далеку подолго во тенисот, за да може лесно и релевантно да каже кој е најдобар во „белиот спорт“.
“Новак се појави на врвот на светскиот тенис по Федерер и Надал, кога тие веќе добија голем број фанови. Потоа дојде Балканец и им ги збрка сите сметки. Новак го кажува она што го мисли, а на многумина тоа не им се допаѓа. Зборува пет јазици, исклучително е интелигентен, се интересира за се’ и има свој начин на живот. Некои го сакаат начинот на исхрана, на некои не им се допаѓа, некои се смеат на медитацијата на која е посветен, додека тој целосно верува во тоа. Му се восхитувам. Го гледам наутро како практикува јога час и половина, на неопислив, фасцинантен начин“, рече Иванишевиќ во интервју за ‘Вечерњи лист’.
Ѓоковиќ помина неславно на неодамна завршените Олимписки игри, но се ќе се заборави доколку триумфално го заврши УС Опен, кој започнува на 30 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА