„Зошто ја пропуштив химната? Морав во тоалет!

Бекот на Милвоки Бакс, Џорџ Хил не присуствуваше на интонирањето на американската химна пред почетокот на мечот против Орландо Меџик. Хил не бил на паркетот пред почетокот на мечот, поради еден бизарен ритуал.

„Сакате да ви кажам искрено? Бев да се*ам. Тоа го правам пред секој натпревар. Ако малку ги погледнете снимките од претходните натпревари во Орландо ќе видите дека тоа го правев пред секој меч. Тоа го правам секогаш, тоа е вистинската причина“, изјави Хил. 

Бакс го добија натпреварот со 118-104 со што ја добија серијата со 4-1 и закажаа полуфинален меч на Истокот со Мајами Хит.

Се вчитува...