Зошто МЗТ ќе навива за Златибор… Српски тим не може директно во АБА1

МЗТ Скопје вечерва се среќава со Широки Бријег во второто полуфинале од АБА2 лигата, a лесно може да се случи „металците“ со самиот пласман во големото финале да се пласираат во АБА1.

За тоа да се случи, треба во првата полуфинална пресметка на денешната пресметка Златибор да слави над составот на Борац Бања Лука. Српскиот тим би се пласирал во финалето, но согласно пропозициите на АБА-лигата, Србија не смее да има повеќе од пет екипи во елитното регионално натпреварување.

Доколку ова се случи, вториот финалист автоматски ќе се пласира во АБА1, а Златибор во случај на триумф во финалето ќе се сретне со најслабиот тим од лигашкиот дел од АБА1 (Борац Чачак или Мега).

„Тоа е малку без врска. Ако по некое чудо станеме шампиони на АБА2, ќе мораме да играме уште две средби за да влеземе во АБА1. Сепак, сега не размислуваме премногу за тоа, насочени сме само кон полуфиналето со Борац Бања Лука“, истакнува плејмејкерот на Златибор, Немања Протиќ, кој своевремено ги бранеше боите на МЗТ Скопје.

Се вчитува...