„Зошто не можам да навивам за Ѓоковиќ? Го мразам како да е фашист“

Се уште не стивнуваат коментарите околу 20. гранд-слем титула на Новак Ѓоковиќ која во неделата ја освои на Вимблдон. Сите медиуми во светот говорат за ова достигнување. Додека поголемиот дел се воодушевуваат на големиот успех кој го направи Србинот, има и такви кои едноставно не можат да го направат тоа.

Индискиот новинар и колумнист, Шајам Камал напиша текст кој го наслови „Зошто не можам да навивам за Новак Ѓоковиќ?“

„Да морам да изберам еден тенисер да игра за мојот живот, нема да го изберам Ѓоковиќ, иако знам дека тоа ќе ми биде единствена шанса да преживеам. И покрај се морам да признаам дека Новак веројатно е најдобар тенисер на сите времиња иако дебатата уште ќе трае. Го мразам како да е фашист. Зошто? Затоа што неговата мајка по победата над Федерер на Австралија опен во 2008 година рече „кралот е мртов, да живее кралот“. Кога 13 години подоцна видов како го крева својот шести трофеј на Вимблдон се сетив со колкава страст го мразам. Но, тој и понатаму е тука и подобар е и од Федерер и од Надал“, напиша Камал. 

Со освојувањето на својата шеста титула на Вимблдон, Ѓоковиќ сега се израмни на врвот на вечната листа по освоени гранд-слеми со Роџер Федерер и Рафаел Надал и сите во моментов се на бројката од 20 освоени трофеи на најголемите тениски турнири во светот.

Се вчитува...