Зошто плачеше Кристијано Роналдо?

Јувентус славеше победа во Валенсија (0-2), но она што остана во фокусот на вниманието од овој натпревар е црвениот картон за Кристијано Роналдо во 29.минута по дуелот со Муриљо.

Одлуката на судијата го шокира Португалецот кој падна на тревникот и почна да плаче. Во јавноста веднаш се појавија и толкувања за солзите на Португалецот.

Најавите се дека Роналдо може да добие три меча суспензија. Доколку се случи тоа, тогаш ѕвездата на Јувентус ќе го пропушти наредниот натпревар со Јанг Бојс, но и двата дуели со Манчестер јунајтед. На Роналдо во тој случај нема да му се исполни сонот повторно да се врати на „Олд Трафорд“ и многумина сметаат дека токму тоа е главната причина зошто Роналдо се расплака по добиениот црвен картон. Се уште постои можност УЕФА да утврди грешка на судиите и наместо три, Роналдо да добие само еден меч суспензија.

Се вчитува...