Зрињски покажа доминација против Академија Пандев

Академија Пандев нема по добро да го памети дебитантскиот настап во Лигата на Европа. Тимот на Југослав Тренчовски загуби од Зрињски во Скопје со 0-3 и практично ги загуби сите шанси за да го продолжи европскиот пат. Хаџиќ во 12.минута го отвори резултатот, Мандиќ беше стрелец на вториот погодок, а Говедарица во 56.минута го постави конечниот резултат на мечот. Реваншот во БиХ се чини дека ќе биде само формалност.


Во втората минута Зрињски ја имаше првата закана. Станиша Мандиќ доби употреблива топка, шутираше од 14 метри, но Душан Чубраковиќ одбрани. Десет минути подоцна, босанскиот претставник поведе. Кадушиќ нафрли од десната страна, а Ирфан Хаџиќ со удар со глава ја затресе мрежата на Академија Пандев.


Академија Пандев се обиде од слободен удар, но шутот на Стоилов завршиво блокот, а Зрињски во 28.минута го удвои водството на 0-2. Станиша Мандиќ беше стрелец на погодокот за гостите.

Зрињски не застана ниту во вториот дел. Говедарица во 56.минута зголеми на 0-3 и дефинитивно го откажа македонскиот претставник. Во продолжението, Сашко Пандев се обиде од слободен удар, но над голот, а Дориев создаде убава шанса за Крстовски, но тој не успеа да ја стигне топката во вистински момент.

Во 86.минута, Љупчо Дориев со шут од 20 метри ја погоди гредата од голот на Зрињски, но изостана дебитанскиот погодок за Академија Пандев на европска сцена.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ЗРИЊСКИ 0-3 (0-2)

Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 2.000. Судија: Каи Ерик Стин (Норвешка). Стрелци: Хаџиќ 12’, Мандиќ 28’, Говедарица 56’ (Зрињски). Ж. картони: Димов, Стоилов (Академија Пандев).

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Чубраковиќ, Илиев, Димов, Костов, Атанаскоски, Томовски, Стоилов, Стојковски (66’ Темелков), Пандев (68’ Крстовски), Дориев, Миловановиќ (77’ Велиновски).

ЗРИЊСКИ: Бркиќ, Кадушиќ, Јаковљевиќ, Барбариќ, Ругашевиќ, Рустемовиќ, Шовшиќ (76’ Пезер), Цурјуриќ, Говедарица, Мандиќ (83’ Бенцун), Хаџиќ (66’ Лендриќ).

Се вчитува...