Зрињски за 20 минути продаде над пет илјади билети

Зрињски е на прагот да оствари историја за фудбалот во Босна и Херцеговина. Тимот од Мостар доколку го помине следниот протиник Слован во второто претколо во Лигата на Шампионите има загарантиран настап во групната фаза од Конференциската лига, а засега успешното лето на европската сцена го препознаа и навивачите на клубот.

Денеска за само 20 минути беа распродадени влезниците за натпреварот кој ќе се одигра во вторник. Пет илјади навивачи ќе му дадат поддршка на својот тим, а медиумите во Босна и Херцеговина објавуаат и дека најмалку 800 љубители на фудбалот останале покуси за билет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HŠK Zrinjski Mostar (@hsk.zrinjski)

Се вчитува...