Зверев без поголеми проблеми се пласираше во осминафиналето на Вимблдон

Александар Зверев, шестиот носител на АТП успеа да издвои победа против Тејлор Фритц со вкупен резултат од 3-1 (6-7, 6-4, 6-3, 7-6).

Фаворитот на овој дуел не го стартуваше најдобро овој меч, откако првиот сет му припадна на Тејлор, па по тај-брејк успеа да поведе со 1-0 против Александар. Сепак, Зверев не дозволи било какво изненадување, па за кратко време се врати во мечот со 6-4 и израмни на 1-1 во сетови.

Ваквиот победнички ритам Зверев го задржа до крајот на мечот (6-4, 6-3, 7-6), па со резултат од 3-1 се пласираше во осминафиналето на Вимблдон, а таму ќе го чека Феликс Аугер.

Се вчитува...