Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Александер Зверев без проблеми се пласираше во 3. коло на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.
Германецот во 2. коло експресно славеше против чешкиот тенисер Томас Махач за нешто помалку од два часа игра со максимални 3-0, по сетови 6-4, 6-2 и 6-2.
Во третото коло Зверев за противник ќе го има домашниот тенисер Квентин Халис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
