Зверев доминантно против шпанската сензација

Александар Зверев е на само две победи до трофејот на Ролан Гарос откако германскиот тенисер славеше рутински во четвртфиналната пресметка во која за ривал го имаше Шпанецот Рафаел Ходер.

Овој 19-годишен тенисер беше меѓу најпријатните изненадувања, но немаше шанса да приреди изненадување против Зверев, кој потврди зошто важи за главен фаворит за трофејот во Париз.

Ходар почна одлично, поведе со 2-5 во првиот сет, но фаворитот успеа да се врати, да израмни на 5-5, а потоа и да го добие тајбрејкот. Ваквиот исход ја скрши самодовербата на Шпанецот, а Зверев во искористи тоа за да слави со 6-1, 6-3 до крајот и да визира билетот за полуфиналето.

Таму германскиот тенисер го очекува подобриот од вечерашното полуфинале меѓу Фонсека и Менсик.

Се вчитува...