Зверев го пропушта Австралија Опен?

Александар Зверев би можел да го пропушти претстојното издание на Австралија Опен што стартува за една седмица откако германскиот тенисер заработи незгодна повреда на мускулот. Тој требаше да се сретне со Борна Чориќ во рамките од турнирот во Аделаида, но беше принуден во последен момент да го откаже своето учество.

„Жал ни е што Зверев се откажа од настапот на нашиот турнир. Знаеме колку сакаше да игра овде, но за жал повредата го спречи“ – соопшти менаџерот на турнирот, додавајќи дека местото на Германецот ќе го заземе Фернандо Вердаско.

Се очекува во следните 48 часа да биде позната и точната дијагноза за повредата на четвртиот носител на Австралија опен, по што ќе се знае дали Зверев ќе може да настапи на првиот гранслем турнир во новата година.

Се вчитува...