Зверев го растури Давидович за место во полуфиналето

Александар Зверев е првиот полуфиналист во машка конкуренција на Ролан Гарос откако со импресивна игра го совлада Давидович Фокина со 3-0 во сетови. Младиот Шпанец беше најпријатно изненадување во досегашниот дел од турнирот, но денеска беше немоќен против одличниот германски тенисер, кој се наоѓа на два чекори до својата прва гранслем титула.

Мечот почна со брејк на Давидович Фокина, а првиот сет неочекувано мина во бројни проблеми со сервисот што ги имаа двајцата тенисери. Беа направени вкупно седум брејка во овој сет, а Зверев беше поумешен во целата ситуација, триумфирајќи со 6-4. Германецот ги надмина сопствените проблеми со сервисот, но Давидович Фокина се уште се мачеше, а Зверев знаеше како да го искористи тоа, ги доби вториот и третиот сет со по 6-1 и лесно се пласираше во полуфиналето.

Негов следен противник ќе биде победникот од вечерашниот дуел меѓу Медведев и Циципас.

Се вчитува...