Зверев и Медведев без проблеми до осминафинале

Германскиот тенисер Александар Зверев беа многу проблеми се пласираше во осминафиналето на Роланд Гарос откако славеше со 3-0 над Србинот Ласло Џере (6-2, 7-5, 6-2), а доминантен беше и Русинот Данил Медведев кој со 3-0 (6-4, 6-2 и 6-4) го доби мечот против Американецот Опелка.

Најнеизвесниот меч во оваа рунда му припадна на Шпанецот Фокана кој славеше со 3-2 против Руд (7-6, 2-6, 7-6, 0-6 и 7-5), а своето место во осминафиналето го осигураа и Делбонис, Нишикори, Гарин и Карено-Буста, а последниот осминафиналист ќе биде одлучен на мечот помеѓу Циципас и Иснер.

Се вчитува...