Зверев исфрлен од турнирот во Акапулко: Нервозно со рекетот удираше по столчето на судијата (ВИДЕО)

Германскиот тенисер Александар Зверев, нема да може да го продолжи натпреварувањето во Акапулко. Тој е исфрлен поради неспортско однесување после мечот во дубл, кога со рекетот ја удираше столицата на судијата.

Тој во пар со Марсел Мел испадна од турнирот, а во четвртокот требаше да игра со Петер Гојовчик во сингл. Но, тоа нема да се случи.

После скандалот, АТП нема да му дозволи на Зверев да го брани трофејот освоен минатата година. Зверев инаку во сингл одигра историски меч против Џенсон Бруксби, и беше завршен во пет наутро. Во моментов е трет тенисер на листата, а во кариерата освои 19 трофеи.

Се вчитува...