АТП организацијата објави дека нема да го казни тенисерот Александар Зверев поради семејно насилство. Поранешната девојка на Зверев го пријави тенисерот за фамилијарно злоставување.
АТП почна независна истрага во 2021 година, а денеска објави дека нема никакви докази да казна, и како овој случај од нивна страна е затворен.
Олга Шарипова, поранешната девојка на актуелниот олимписки победник, прво на социјалните мрежи пишуваше за насилството, а потоа во интервјуа зборуваше како Зверев ја тепал, малтретирал и со перница ја гушел и ја заклучувал во хотелските соби.
Сите обвинувања ги негираше германскиот тенисер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА