Зверев: Јас ќе го запрам Ѓоковиќ на патот до златото во Токио

Германскиот тенисер Александер Зверев вели дека е подготвен да го освои златниот медал на Летните олимписки игри во Токио и да запре Новак Ѓоковиќ на тој пат.

Зверев е убеден дека може да го „расплаче“ најдобриот светски тенисер…

„Ќе треба многу натчовечки напор ако сакате да победите тенисер како Ѓоковиќ. Но, јас сум подготвен за тој подвиг. Не треба да го прифаќате неговиот начин на игра, но мора да се одигра на највисоко ниво и да се надевате дека нема да има свој ден. Но, мора да носите позитивни мисли. Јас мислам дека можам да застанам на патот на Ѓоковиќ до златото“ – вели Зверев.

Се вчитува...