Зверев кршеше, Раонич си победи (ВИДЕО)

Милош Раонич сосема заслужено обезбеди место во четвртфиналето на тенискиот грен-слем, Австралија Опен победувајќи го четвртиот тенисер во светот Александар Зверев со 3-0 во сетови (6-1,6-1,7-5). Ништо не му одеше во воведните два сета како што треба на младиот германец.

Во нив освои само два гема, а бесот од немоќта го истури врз рекетот. Откако го искрши, му тргна малку подобро, па беше конкурентен во третиот сет кој на Раонич му припадна со 7-5. Во четвртфиналето, канадскиот тенисер ќе се сретне со победникот од мечот меѓу БорнаЧориќ и Лукас Пуљ.

 


На женскиот дел од турнирот,  Наоми Оска обезбеди место во четвртфиналето триумфирајќи со пресврт во осминафиналната пресмтка со Анастасија Севастова со 2-1 во сетови. Следна противничка ќе и биде елина Свитолина која ја елиминираше Медисон Киз. Сотриумф на турниротов Мелбурн, Осака би можелададодје до местото број едннаВТА листата,но затоаќе има имасилнаконкуренција во Симона Халмеп и во Петра Квитова.

Каролина Плишкова за четвртфинална пресметка ја очекува победничката од дербито на осминафиналната фаза меѓу Серена Вилијамс и Симона Халеп. Плишкова ја победи Гарбине Мугуруза со 2-0 во сетови.

Се вчитува...