Александар Зверев ќе биде дел од четвртфиналето на Ролан Гарос откако германскиот тенисер руутински ја оправда фаворитуската улога во мечот со Лук де Јонг, славејќи со максимални 3-0 во сетови.
Ова беше прво гранслем осминафинале во кариерата на Холанѓанецот, кој беше немоќен пред налетите на расположениот Зверев, во ниту еден момент не добивајќи шанса за сензација на овој дуел. Зверев го доби првиот сет во тајбрејк, вториот триумфираше со 6-4, потоа направи брејк на самиот старт од третиот сет, за конечни 6-1.
Следен противник на вториот носител ќе биде Шпанецот Жодар, 27. носител на турнирот кој денеска во драматичен меч се врати од 0-2 во сетови и славеше со 3-2 во пресметката со сонародникот Карено Буста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
