Зверев: Можам да ја освојам титулата на Ролан Гарос

Германскиот тенисер Александар Зверев верува дека оваа година има шанса да ја освои титулата на Ролан Гарос. Германецот беше многу близу до првата Гранд слем титула минатата година во Њујорк, но во финалето загуби од 2-0 во сетови во пресметката со Доминик Тим.

Оваа година Зверев има скор 18-8 – освен во Мадрид, титулата ја однесе и во Акапулко. Тој го доби Надал во Мадрид, но Рафа се одмазди во Рим.

„Се чувствувам добро и физички подготвено, мислам дека имам шанса оваа година. Подготвен сум за тој чекор. Играм многу добро во последно време, а титулата во Мадрид ми даде голема самодоверба“, рече Зверев, кој минатата година загуби од Јаник Синер во четвртото коло во Париз, иако по мечот изјави дека е повреден.

Се вчитува...