Зверев му се „одмазди“ на Медведев и го освои завршниот турнир во Торино

Германецот Александар Зверев е освојувач на завршниот АТП турнир кој годинава за првпат се одржува во италијанскиот Торино. Тој до својата втора титула на финалниот турнир стигна откако во финалето на „фуриозен“ начин го совлада Русинот, Данил Медведев со 2-0, по сетови 6-4 и 6-4.

Зверев му се одмазди на Русинот за тесниот пораз во групната фаза од ова натпреварување.

Претходно денеска во игра на двојки славеше францускиот пар Ербер/Мау кои во финалето беа подобри од американско/британскиот пар Сализбури/Рам со 2-0 (6-4 и 7-6).

 

Се вчитува...