Зверев не блескаше, но стигна до осминафинале на Ролан Гарос

Александар Зверев за разлика од другите носители ја оправда улогата на фаворит и го победи Квантан Алис во третото коло на Ролан Гарос.

Сепак, третиот носител не успеа да победи во три сета, но сепак успеа да помине уште една пречка на францускиот опен. Германецот славеше со 3-1, по сетови 6-4, 6-3, 5-7, 6-3 по три часа и шест минути игра во дуел кој заврши по полноќ.

Зверев ќе игра во четвртото коло против Јеспер де Јонг, кој славеше против 13-тиот носител Карен Хачанов.

Се вчитува...