Зверев немилосрден, со експресна победа над Рубљов стигна до трофејот во Синсинати

Германскиот тенисер Александар Зверев ја освои титулата на мастер турнирот во Синсинати. Германецот го совлада Русинот Андреј Рубљов со 2-0 (6-2, 6-3).

Пва е петта вкупна титула за тенисерот од Хамбург на турнирите од серијата Мастерс 1.000. Претходно тој го освои Рим 2017, Монтреал 2018, Мадрид 2018 и 2021 година.

Ова е прва титула на Синсинати за Зверев. Покрај тоа, до почетокот на неделата, Зверев никогаш не победи ниту еден меч на познатиот турнир, па имаѓе негативен резултат од 0-6.

Така Зверев стана првиот играч што освоил златен медал на Олимпијадата и трофеј во Синсинати од 1996 година. Покрај тоа, победата на Зверев над Рубљов во финалето на Синсинати е најбрза откако АТП го измери времето, а претходно триумфот на Густав Кертен од 2000 година во финалето над Патрик Рафтер беше најкраток финален дуел.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...