Зверев: Ноле е „ГОАТ“, верувам дека ќе успее!

Александар Зверев по поразот од Новак Ѓоковиќ му честиташе на Србинот за новото гранд-слем финале. Тој смета дека Новак е најдобар на сите времиња и дека дефинитивно ќе успее да го освои „календарскиот-слем“.

„Новак со причина е „број 1“ во светот и тоа го покажа и вечерва. Тоа што го прави тој е неверојатно за тенисот. Никој не веруваше дека тоа што го направил Род Лејвер некој ќе може да го повтори. Сега кога има шанса тоа да го направи во недела, мислам дека ќе ја искористи. Тој ги урива сите можни рекорди пред него“, изјави Зверев. 

Ѓоковиќ во финалето кое на програмата е во недела во 22 часот по македонско време ќе се сретне со Русинот, Данил Медведев.

Се вчитува...