Зверев: Новак е најдобар во светот, фаворит е во Њујорк

Германскиот тенисер Александар Зверев се надева на добар резултат на УС Опен, но истакнува дека Новак Ѓоковиќ ќе биде првиот фаворит на последниот гренд-слам сезонава. Зверев ја освои титулата во Синсинати во неделата, откако го победи Андреј Рублев со 6-2, 6-3.

Ова беше втор последователен турнир на кој триумфираше, откако претходно освои злато на Олимпијадата во Токио. Германецот оствари 11 победи по ред и со голема самодоверба го дочекува УС Опен, каде играше во финалето минатата сезона.

„Бев блиску до освојување на титулата. Со нетрпение го очекувам тој турнир бидејќи знам колку можам. Се надевам дека ќе играм уште подобро во Њујорк“, изјави Александар.

Зверев во Токио го совлада Новак Ѓоковиќ, кој ќе се обиде да стигне до календарскиот гренд-слам турнир на УС Опен.

„Новак и понатаму е фаворит. Верувам дека ќе игра неверојатно. Исто така, другите момци се во многу добра форма. Ќе видиме како ќе се развијат работите“, истакна Зверев.

УС Опен започнува на 30 август. На него нема да настапат Рафаел Надал и Доминик Тим, кои победија во последните две изданија на турнирот.

Се вчитува...