Зверев: Новак е најсилен ментално, сведок за ова е финалето на Вимблдон 2019!

Германскиот тенисер Александар Зверев упати само пофални зборови за менталните капацитети на Новак Ѓоковиќ. Добивме уште една потврда за менталната сила на Новак на Австралија опен во 2021 година, кога српскиот тенисер успеа да ја освои титулата и покрај повредата.

Можеби клучниот натпревар беше против Зверев, каде првиот тенисер во светот дури и го загуби сетот, а после тоа играше против двајца Руси, Карацев и Медведев, во полуфиналето и финалето.

„Новак е најсилен ментално. Можете да го гледате финалето на Вимблдон во 2019 година против Роџер Федерер. Тој најде начин да го добие мечот кога Роџер сервираше да го освои последниот сет и имаше 40-15 предност. И да бидеме јасни, Новак знае како да освои грандслем турнири“, рече Зверев.

Со него се согласи и тенисерката Бјанка Андреску.

„Начинот на кој тој се претставува на теренот ментално … ? Го имам видено многу пати како се враќа и победува на натпревари кога губи, тоа што го прави Ноле е неверојатно“, рече Андреску.

Се вчитува...