Зверев: Новак е неверојатен, се грижи за другите, а не мора

Германскиот тенисер Александар Зверев говореше за новото здружение на професионални тенисери кое го формираше Новак Ѓоковиќ. Тој вели дека Новак и покрај тоа што е прв рекет во светот и има освоено неверојатна сума на пари, тој иако не мора, се грижи за нискорангираните тенисери.

„Тој е прв тенисер во светот и заработи доволно пари, но тоа не му е важно. Тој не мора да се грижи за тоа колку другите заработуваат, но тоа го прави. Тој се грижи за состојбата на целиот спорт и навистина му се воодушевувам што одвојува време за да размислува за сите нас. Искрено, во неговата позиција, тој не мора тоа да го прави. Просто, може да се опушти и да одмора. Меѓутоа, Ноле се грижи и за другите тенисери и тоа е неверојатно“, изјави Зверев. 

Новак Ѓоковиќ заедно со канадскиот тенисер Васек Посписил го формираше новото тениско тело кое треба да биде самостојно и да не биде во склоп на АТП.

Се вчитува...