Зверев одигра историски меч во Акапулко кој траеше до пет часот наутро (ВИДЕО)

Германскиот тенисер, Александар Зверев се пласираше во второто коло на АТП 500 турнирот во Акапулко откако во неверојатен натпревар славеше над Американецот, Џенсон Бруксби со 2-1, по сетови (3-6, 7-6 и 6-2).

Интересно е тоа што натпреварот во мексиканскиот град заврши во 4.55 часот по локално време, а неговиот почеток беше во 1.34 часот пополноќ. Ова е меч кој завршил најкасно (или најрано) во историјата на тенисот, а претходно рекордот го држеа Лејтон Хјуит и Маркос Багдатис кои нивниот меч на Австралија опен 2008 го завршија во 4.34 часот.

 

Се вчитува...