Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до златниот медал на Летните олимписки игри во Токио, откако на нему несвојствен начин загуби добиен натпревар против Александар Зверев. Србинот имаше предност од 1-0 во сетови и 3-2 со брејк во вториот, а потоа следеше неверојатен пад и во наредните 11 гема успеа да освои само еден.
По завршувањето на мечот имаше емотивно прегрнување меѓу двајцата тенисери, а се дозна што Зверев му кажал на Ѓоковиќ.
„Ноле ти си еден од најдобрите на сите времиња. Извини за ова“, му порача Зверев на Ѓоковиќ.
Zverev at the net. “You’re one of the greatest players of all time. I’m sorry for this.”
Djokovic very gracious in defeat as always. It was a nice moment. pic.twitter.com/mgHOtRkBYK
— José Morgado (@josemorgado) July 30, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА