Зверев по жестока битка со Циципас до финале со Рубљов во Синсинати (ВИДЕО)

Александер Зверев се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Синсинати, каде ќе игра против Андреј Рубљов.

Зверев утрово го совлада Стефанос Циципас во драматичен меч во три сета со 6-4, 3-6 и 7-6.

Рубљов, пак, во полуфиналето го победи својот сонародник и прв фаворит на турнирот Данил Медведев со 2-6, 6-3 и 6-3.

На женскиот турнир, Ешли Барти ќе игра во нејзиното шесто финале сезонава, откако со 6-2 и 7-5 ја совлада Анџелик Кербер. Во финалето ќе се соочи со најголемото изненадување на турнирот Џил Тајхман, којa настапи со вајлд-карта. Тенисерката од Швајцарија, која е на 76. место  на ВТА-листата, синоќа ја победи петтата носителка Каролина Плишкова со 6-2 и 6-4.

Се вчитува...