Зверев повторно обвинет за семејно насилство

Како што пренесува германски РТЛ, Судот во Берлин покренал процес против Александар Зверев поради нов случај на семејно насилство. Овој пат германскиот тенисер беше обвинет од Бренда Пате со која Саша Зверев има ќерка.

Ова е втор случај во кој Зверев е обвинет за семејно насилство. Поранешната девојка Олга Шарипова еднаш го обвини Саша, но тоа беше отфрлено поради недостиг на докази.

Адвокатите на Пате потврдија дека Зверев е обвинет за нанесување телесни повреди.

Се вчитува...