Зверев преку Ѓоковиќ до финале со Медведев во Торино

Александар Зверев ќе го предизвика Данил Медведев во финалето на завршниот турнир во Торино откако во неверојатен меч во полуфиналето славеше над првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ со 2-1, по сетови 7-6, 4-6 и 6-3.

Во првиот сет по долга борба успеа да го добие Германецот во тај-брејк со резултат 7-4. Во вториот сет Србинот успеа да направи брејк на 4-4 што беше доволен за израмнување на 1-1. Во последниот сет прв до брејк стигна Зверев кој беше доволен за победа.

Во финалето тој ќе се сретне со Данил Медведев, кој во првото полуфинале беше подобар од Норвежанецот, Каспер Руд со 2-0 (6-4 и 6-2).

Се вчитува...