Зверев продолжува да „гази“ на Ролан Гарос

Германскиот тенисер Александер Зверев со победа од 3-0 над Нишикори се пласираше во четвртфиналето од Ролан Гарос. Тенисерот рангиран како шестти на АТП листата се мачеше само во првиот сет кој го доби со 6-4, за веќе во вториот и третиот да слави со 6-1.

Зверев во четвртфиналето ќе се сретне против Алехандро Давидович Фокана.

Се вчитува...