Зверев продолжува со убедливите партии во Токио

Германскиот тенисер Александер Зверев славеше лесна победа и во 2. коло на тенискиот турнир на Летните олимписки игри во Токио. Германецот беше убедлив против Колумбиецот, Галан Риверос со 2-0 по сетови 6-2 и 6-2.

Во осминафиналето Зверев го очекува натпревар против подобриот од мечот меѓу Грузиецот Николос Басијашвили и Италијанецот, Лоренцо Сонего.

Во машкиот дел од турнирот пласман во осминафиналето обезбеди и Фабио Фоњини од Италија.

Се вчитува...