Зверев противник на Ѓоковиќ во полуфиналето на ОИ во Токио

Германскиот тенисер Александар Зверев ќе го предизвика Новак Ѓоковиќ во полуфиналето од турниот на Летните олимписки игри во Токио. Зверев во четвртфиналниот меч против Жером Шарди од Франција славеше без проблеми со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-1.

Во второто полуфинале ќе играат Шпанецот, Пабло Карено Буста и Русинот, Карен Хачанов. Полуфиналните натпревари на машкиот дел од турнирот ќе се играат утре. Во женскиот дел во борбата за злато ќе играат Белинда Бенчиќ од Швајцарија и Маркета Вондрушова од Чешка, додека за бронза ќе се борат Елина Свитолина од Украина и Елена Рибакина од Русија.

Се вчитува...