Зверев рутински до осминафинале во Париз

Германскиот тенисер, Александар Зверев без поголеми проблеми се пласираше во осминафиналето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Париз, откако во 2. коло славеше над Србинот, Душан Лајовиќ со 2-0 по сетови (6-3 и 7-6).

Во осминафиналето Зверев ќе игра со Бугаринот, Григор Димитров кој нешто порано беше подобар од Русинот, Карен Хачанов со 2-1 (4-6, 6-2 и 6-0). За потсетување настапот во Париз го завршија третиот носител Стефанос Циципас кој поради повреда му предаде на Попирин од Австралија и петтиот носител Андреј Рубљов кој загуби од Американецот, Тејлор Фриц.

 

Се вчитува...