Зверев рутински до трето коло на Вимблдон

Германецот Александер Зверев без проблеми се пласираше во 3. коло на Вимблдон, откако триумфираше над Американецот, Тенис Сандгрен со максимални 3-0, по сетови 7-5, 6-2 и 6-3.

Сандгрен успеа да му пружи отпор на младиот Германец само во првиот сет. Во третата рунда Зверев за противник повторно ќе има американски тенисер, подобриот од мечот меѓу Тејлор Фриц и Стив Џонсон.

Кај дамите шампионката од Ролан Гарос, Барбора Крејчикова беше подобра од Германката, Андреа Петковиќ со 2-0 (7-5 и 6-4). Пласман понатаму обезбедија и Павличенкова и Бадоса.

Се вчитува...