Зверев рутински против Хуркач

Германецот Александар Зверев стигна до вториот триумф на завршниот турнир во Торино, откако во последното коло од групната фаза триумфираше над Појлако, Уберт Хуркач со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-4.

Првиот сет германскиот тенисер го доби за само 27 минути игра со 6-2, додека во вториот сет му дозволи на противникот два гејма повеќе. Со оваа победа Зверев обезбеди полуфинале во Торино каде ќе игра со првиот рекет Новак Ѓоковиќ.

Во вториот меч од оваа група вечерва вториот носител Данил Медведев ќе се сретне со домашниот тенисер, Јаник Синер.

Се вчитува...