Третиот светски тенисер, Германецот Александар Зверев, се пласираше во осминафиналето на турнирот во Хале, откако го победи Американецот Маркос Жирон со 6-2, 6-1 по два сета.
Тој го победи 43-от играч на АТП листата по еден час и 20 минути игра. Сега во осминафиналето Зверев ќе игра против Италијанецот Лоренцо Сонего.
Русинот Карен Хачанов обезбеди место во осминафиналето, откако во два сета го победи Белгиецот Зизу Бергс со 7-5, 6-3.
Хачанов, 22-от тенисер во светот, го победи 49-от играч на АТП листата по еден час и 35 минути. Во осминафиналето, Хачанов ќе игра против Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасиме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА