Зверев тргна споро, но потоа без проблеми го совлада Херис

Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на УС опен откако во четвртфиналниот меч без поголеми проблеми го совлада Јужноафриканецот Лојд Џорџ Херис со 3-0, по сетови (7-6, 6-3 и 6-4).

Херис пружи отпор само во првиот сет во кој имаше водство и од 5-3, но сепак Зверев успеа да го одведе во тај-брејк кој го доби со 8-6. Во следните два сета немаше никаков проблем Зверев кој стигна до ново гранд-слем полуфинале.

Таму тој го чека подобриот од последниот четвртфинален дуел во кој се среќаваат првиот носител, Новак Ѓоковиќ и Италијанецот, Матео Беретини.

Се вчитува...