Зверев тргна убедливо на Ролан Гарос

Александар Зверев тргна со лесна и убедлива победа на својот прв меч на Ролан Гарос, рутински славејќи над Французинот Бонзи со 3-0 во сетови. Германецот кој ја има улогата на втор носител во ниту еден момент не дозволи противникот да се понадева на изненадување, Зверев го доби првиот сет со 6-3, наредните два со 6-4 и 6-2, за пласман вов втората рунда каде го очекува пресметка со Чехот Машак.

Кецмановиќ славеше со максимални 3-0 во пресметката со Унгарецот Марошан, додека Џумхур го загуби драматичниот дуел со Давидович – Фокина со 2-3 во сетови.

На стартот од женскиот дел од турнирот, Бенчиќ беше подобра со 2-0 во сетови од Краус од Австрија, Бузкова славеше над Италијанката Бронцети, додека Црнокорката Ковиниќ загуби со 0-2 од Ванг од Кина.

Се вчитува...