Зверев убедливо против Синер, Германецот се пласираше во четвртфинале

Александар Зверев убедливо го победи Јаник Синер со резултат од 3-0 (6-4) (6-4) (7-6), а оваа победа на Германецот му донесе пласман во четвртфинале.

Зверев победата ја најави уште во првиот сет, успевајќи без поголеми проблеми да го совлада младиот Италијанец, Синер. Германецот со ист резултат успеа да го добие и вториот сет.

Во третиот сет беше најголема неизвесноста, Синер се опушти и го надмина притисокот, знаејќи дека нема што да загуби, па му нанесе тешки маки на Зверев, кој не се предаде и успеа во тај-брејк да го освои третиот сет и да запише уште една голема и значајна победа.

Се вчитува...