„Зверев верува дека може да стигне до титулата, Новак ќе биде тежок ривал“

Александар Зверев ќе биде голема пречка за Новак Ѓоковиќ на патот до титулата на УС Опен, смета шпанскиот стручњак Алекс Коречја. Германецот доаѓа во Њујорк со 11 последователни победи и два освоени турнири, а последно триумфираше на Олимписките игри и на Мастерсот во Синсинати.

Ѓоковиќ и Зверев би можеле да се сретнат во полуфиналето на последниот гранслем сезонава.

„Зверев и Медведев ќе бидат најголемите ривали на Ѓоковиќ, тоа е сигурно. Зверев е убеден дека може да победи на гренд-сламот. Порано веруваше дека е многу добар играч, но чувствуваше дека нешто недостасува. Сега има повеќе искуство, посмирен е, подобро ги контролира емоциите. Тој знае дека неговиот сервис е силно оружје, неговиот форхенд е многу подобар и го најде вистинскиот баланс на теренот“, рече Коречја.

За потсетување, турнирот во Њујорк започнува на 30 август.

Се вчитува...