Александар Зверев се пласираше во осминафиналето на ЛОИ 2024 во Париз, откако во 1/16-финалната пресметка славеше против Чехот Томас Махач.
Германскиот тенисер победи во два сета, со 6-3 и 7-5.
Во осминафиналето се пласираше и Американецот Тејлор Фриц. Поголем отпор од очекувањата му пружи Џек Дрејпер, па Фриц дури по пресврт си го најде своето место меѓу 16 најдобри.
Фриц славеше во три сета, со 6-7(3), 6-3 и 6-2 за нешто повеќе од два часа игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА