Зверев: За овој успех не можев ни да сонувам, мал е бројот на луѓе кои се посреќни од мене

Германскиот тенисер Алекснадер Зверев е освојувачот на златниот медал на Летните олимписки игри откако во финалето беше далеку подобар од Русинот Карен Хачанов, добивајќи го натпреварот со 2-0 (6-3, 6-1).

По мечот Германецот не го криеше задоволството од освоениот медал за кој вели дека не можел ни да сонува во детството.

„За овој успех не можев ни да сонувам. Како дете замислував дека еден ден ќе учествувам на Олимписките игри, а сега имам злато околку вратот. Не можам да опишам што чувствувам. Во ниеден момент не играв за себе, играв за сите спортисти тука, за моето семејство, за мојата ќерка и за цела Германија. Многу е мал бројот на луѓе кои се посреќни од мене во моментот. Не можам да го споредам овој успех со ниеден друг бидејќи ова е најголемото натпреварување на светот. Сите тениски експерти и поранешни играчи велеа дека други момци се подобри од мене. Јас сега имам 16 трофеи – четири мастери. Финален турнир и златен медал“, изјави Зверев.

Се вчитува...