„Ѕверски“ партии на Леброн и Јокиќ, Милвоки го доби дербито со Бруклин (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа девет натпревари. Лос Анџелес Лејкерс славеа на домашен терен над Атланта Хоукс со 134-118.

Леброн Џејмс повторно беше прво име во таборот на „езерџиите“ со 32 поени, надополнети со девет асистенции и осум скока. Кај поразените Тре Јанг заврши со 25 поени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBAmk (@_nbamk_)

Никола Јокиќ одигра уште една моќна партија откако во победата на Денвер над Сакраменто Кингс (121-111) уфрли 33 поени, надополнети со десет скока и седум асистенции. Кај Кингс Де Арон Фокс заврши со 30 поени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBAmk (@_nbamk_)

Во дербито на источната конференција Милвоки Бакс славеше на гостувањето кај Бруклин Нетс со 109-121. Јанис Адетокумбо со 31 поен беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Кевин Дјурант заврши со 29 поени.

Во останатите натпревари од изминатата вечер: Филаделфија – Сан Антонио 119-100, Торонто – Јута 122-108, Чикаго – Вашингтон 130-122, Хјустон – Далас 106-130, Оклахома – Минесота 105-135 и Портланд – Кливленд 101-114.

Се вчитува...