„Ѕверски“ триумф на Борусија, само бод за Атлетико во Москва

Борусија Менхенгладбах стигна до најубедливата европска победа во клупската историја откако вечерва на гостински терен го декласираше Шахтјор со неверојатни 0-6. Мотивирани по несреќените завршници против Интер и Реал Мадрид (реми по примени голови во последните минути) фудбалерите на Борусија одиграа извонреден натпревар во кој победата ја осигураа уште во првото полувреме, во кое поведоа со 0-4.

Херој на мечот беше Плеа, кој постигна хет-трик, еден погодок беше автогол на Бондар, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа Бенсебаини и Стиндл.

Атлетико Мадрид не успеа да ја потврди фаворитската улога на гостувањето против Локомотив Москва, ремизирајќи 1-1. Гостите први поведоа преку Хименез, а за одбележување е дека избраниците на Диего Симеоне двапати ја погодија гредата од голот на Локомотив.

Се вчитува...