„Ѕверско“ возење на Хамилтон за триумф на „лудницата“ на Силверстоун

Луис Хамилтон на неверојатен начин успеа да стигне до 99 победа во Формула 1 шампионатот откако славеше на големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун. Неверојатен старт ни донесе трката кога главните ривали за шампионската титула Луис Хамилтон и Макс Ферстапен имаа страшен дуел во кој на крајот подебелиот крај го извлече возачот на Ред Бул.

По инцидентот актуелниот шампион Хамилтон доби десет секунди казна, но и покрај тоа успеа на два круга до крајот да го стигне изгубениот Шарл Леклер на Ферари кој не може да задржи ниту една предност и да стигне до нов триумф. Подиумот го надополни Валтери Ботас на Мерцедес.

Во топ 10 уште завршија и Норис, Рикардо, Сајнц, Алонсо, Строл, Окон и Перез. Во генералниот пласман Луис Хамилтон ја намали предноста на Макс Ферстапен на само седум бода.

Се вчитува...