„Ѕверско“ забивање – Портер Џуниор го прелета Херел (видео)

Мајкл Портер Џуниор го имаше потегот на денот на синоќешните натпревар од НБА-лигата, со неверојатното забивање пред крајот на третата четвртина преку Монтрез Херел.

По удвојувањето на Јокиќ кошаркарите на Денвер одлично ја движеа топката и создадоа „човек повеќе“, по што Портер Џуниор тргна храбро кон обрачот, успевајќи да го прелета противничкиот кошаркар кој немаше никакви шанси да го блокира.

Погледнете ја оваа фантастична атракција на младиот кошаркар на Денвер…

Се вчитува...