Звезда го прегази Жалгирис, а Калниетис тврди: Ниту Звезда е добар тим, ниту се разбираме со Здовц

Црвена Звезда го нанесе и третиот пораз на Жалгирис на отварањето на сезоната откако во Белград славеше со 73-61. „Црвено-белите“ повторно беа на врвот на својата задача во одбраната, а победата ја осигураа со убедлива последна четвртина во која постигнаа 27, наспроти 19 поени на противникот.

Предводникот на литванскиот тим, искусниот Мантас Калниетис вината за поразот ја најде во новиот тренер, Словенецот Јуре Здовц, а за Црвена Звезда изјави дека не е добар тим…

„Тренерот сеуште не ги знае нашите комбинации. Практично пред гостувањето во Белград одработивме само половина тренинг. Ни тој не познава нас, ниту ние него. Слабо се разбираме, ни недостасува добра комуникација. Затоа и огранизацијата на играта беше лоша… Ова беше многу лош натпревар. Знаеме дека Звезда не е добра екипа, не е добра во нападот. Тежок пораз“, изјави репрезентативецот на Литванија.

Се вчитува...