Звезда го претстави Риера: Немам магично стапче, но веднаш ќе видите разлика…

Црвена Звезда денеска и официјално го претстави Алберт Риера за нов шеф на стручниот штаб, откако управата на српскиот шампион го избра токму Шпанецот како  идеален кандидат за нов тренер по оставката на Дејан Станковиќ.

Риера бележеше одлични резултати со Цеље во словенечкиот шампионат, па иако пред неколку месец имаше кратка и неуспешна авантура во Бундес-лигата со Ајнтрахт, во таборот на Звезда се убедени дека овој стратег е идеален за предводник на „црвено-белите“.

„Благодарност до управата, српскиот јазик го разбирам 90% бидејќи е сличен на рускиот, а бев и неколку години Словенија, така што тоа ќе ми биде полесно од тој аспект за адаптација. Не сум овде затоа што сум убав, туку затоа што луѓето веруваат дека можам да помогнам. И јас верувам во истото, го гледам потенцијалот што го поседува тимот, знам колку е голем овој клуб, каква историја има… Не можам веднаш да кажам што ќе се случува, но сите ќе добијат шанса да се докажат, сите фудбалери почнуваат од нула кај мене. Немам магично стапче, но можам да ви најавам дека веднаш ќе видите одредени промени во играта на Црвена Звезда. Мотивиран сум за да ги оствариме заеднички поставените цели“, изјави Риера, кој ќе дебитира в четврток на дуелот од квалификациите за ЛЕ против Викторија Плзењ.

Се вчитува...